Поздравена од страна на Нелсон Мандела како "гласот на разумот на кој сите ние мора да обрнеме внимание", Шри Чинмој (1931-2007) беше меѓународно признат музичар, композитор, сликар, автор и поет, чии прогонувачки мелодии ја пленеа публиката ширум светот.

Во повеќе од 700 Концерти за мир, понудени во сали од Карнеги Хол до Ројал Алберт Хол, Шри Чинмој отслужи во музиката и аспирација на духот на човештвото за надворешен и внатрешен мир. Во текот на четири децении долга музичка одисеја, Шри Чинмој компонираше монументален опус од 21.000 песни-уметничко и духовно наследство за целото човештвото.

Ова е една од најинспиративната музика која ја имам слушнато од соло изведувач-класична, поп или друга.
-Кју магазинот, N.Y.

Во Њујорк, каде што тој го направи својот дом по пристигнувањето од Индија во 1964 година, Шри Чинмој беше составен дел на музичките токови , склопувајќи пријателства со други музичари што трансцендира жанрови.

"Која моќ има во музиката на овој човек!" Извика композитор Леонард Бернштајн, по изведбата на песната Шри Чинмој напишана во негова чест, додавајќи: "Тоа е неверојатно. Мојот музички дух е многу, многу длабоко импресиониран. "

Возвишеното духовно мајсторство на Шри Чинмој ја открива преку музиката  бесконечна обширност на универзумот како интимно светилиште на душата.
Слободен дух списание, U.S.A.

Продуцентската икона и хуманитарец Квинси Џонс ја пофали иновацијата и имагинацијата во музика на Шри Чинмој, коментирајќи "Шри Чинмој е толку храбар музичар! Бог допира многу малку раменици. Тој беше дефинитивно на рамениците на  Шри Чинмој ", додека сонародникот и водечкиот индиски музичар на модерната ера Рави Шанкар изјави "Шри Чинмој има огромен, фантастичен креативен порив!"

За Шри Чинмој, музика беше повеќе од уметност, забава, па дури и себе-изразување -тоа беше јазикот на душата, мост од земјата кон небото способен за растворање на вештачки бариери, затворање на празнините меѓу културите, верите и нациите.

"Музика е универзалниот јазик", пишува Шри Чинмој, објаснувајќи:

Не треба да научиш некој посебен јазик за да комуницираш со други, ако можеш да изведуваш душевна музика. Душевната музика е веднаш до медитацијата, и ја пренесува убавината и мирисот на тишината, пораката на внатрешните и повисоките светови.