Songs of the Soul серија на концерти беше инаугурирана во Април 2008 после преминувањето на Шри Чинмој, со цел да и се понуди на публиката низ светот едно искуство на убавината и длабочината на музиката на Шри Чинмој.
Како композитор и изведувач на своите концерти, Шри Чинмој ги пееше и изведуваше своите духовни бенгалски и англиски песни на повеќе од 20 инструменти од различни култури како и тивки моменти на медитација.
За време на неговите концерти тој креираше атмосфера на длабок внатрешен мир, во кој медитацијата стануваше спонтана. Тој има кажано "Во духовниот свет веднаш до медитацијата е музиката, здивот на музиката. " Исто така "Душевната музика е музика која веднаш ја подигнува нашата свест кон Абсолутот, кон Највисокото. Душевната музика е веднаш до медитацијата, и ја носи убавината и миризбата на тишината, пораката од внатрешните и повисоките светови."
На концертите Songs of the Soul, ние се обидуваме да ја креираме истата душевна и медитативна атмосфера. На концертите изведуваат повеќе ансамбли од целиот свет, изведувајки песни на Шри Чинмој низ широк спектар на музички стилови.
Од 2008, Songs of the Soul посетил многу земји допирајќи повеќе од 100000 луѓе и над 200 концерти.
Шри Чинмој никогаш не наплаќаше за билети за било кој јавен концерт или медитација. Следејќи ја таа традиција ние со гордост ги нудиме концертите бесплатно.